Утрински Весник
Македонија

Џафери на средба со кинескиот амбасадор: Ковид-19 нема да ги ослабе врските меѓу двете земји

Џафери на средба со кинескиот амбасадор: Ковид-19 нема да ги ослабе врските меѓу двете земји
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска оствари средба со кинескиот амбасадор во земјава, Џанг Ѕуо.

Џафери го информирал амбасадорот Џанг за конституирањето на Собранието и изборот на новата Влада, по што ќе следи изборот на работните тела, делегациите и групите за соработка, вклучително и со Парламентот на Народна Република Кина.

„Пандемијата има свое влијание на взаемните физички посети и комуникации, но законодавните домови имаат можност по електронски пат да ја негуваат утврдената парламентарната соработка“, истакна Џафери.

Исто така, тој изразил надеж дека со формирањето на Владата, започнатите и предвидените билатерални проекти ќе продолжат и во иднина.

Амбасадорот Џанг изразил благодарност за остварената средба и ја искористил приликата да врачи писмо со честитка за реизборот на Џафери, упатено од Ли Џаншу, претседател на Секинескиот Народен Конгрес.

„И покрај влијанието на пандемијата на секојдневното живеење, соработката меѓу државите мора да продолжи покрај во здравствениот сектор и во други сектори од взаемен интерес, како во транспортот, инфраструктурата и енергетиката“, констатирал Џанг.

Тој посочил дека големиот кинески пазар обезбедува одлични можности за соработка и во други полиња и за таа цел, кинеската амбасада во Северна Македонија активно соработува со стопанските комори и други чинители за искористување на овие потенцијали.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Касами со апел: Екстремен мраз на улиците, граѓаните да останат дома

Вечерва тешко проодни патишта и заглавени возила низ Македонија

Хаос во кафуле во Гостивар: Тепачка, пукање и паника меѓу гостите