Утрински Весник
Свет

Русија го демантира НАТО дека нејзин „сухој“ ја преминал данската граница

Русија го демантира НАТО дека нејзин „сухој“ ја преминал данската граница

Ловецот „Су-27“ што Русија го крена за да го идентификува стратешкиот бомбардер на американското воено воздухопловство „б-52Х“, леташе над неутралните води на Балтичкото Море без да ја наруши данската граница, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, пренесува ТАСС.

„Министерството за одбрана ја демантира изјавата на Северноатлантскиот сојуз за нарушување на данската државна граница од страна на рускиот ловец су-27“, рече портпаролот.

НАТО претходно изјави дека бомбардер „Б52“ на воздухопловните сили на САД бил пресретнат од руски ловец „су-27“ во меѓународниот воздушен простор над Балтичкото Море. Според изјавата, рускиот ловец го следел „б52“ длабоко во данскиот воздушен простор над островот, значително кршејќи го воздушниот простор на оваа земја.

Руското Министерство за одбрана истакна дека летот е извршен во строга согласност со меѓународните прописи за воздушен простор, без нарушување на границите на другите држави. Ова е потврдено со помош на објективна контрола, нагласи Министерството.

На 31 август, руската Контрола на воздушниот простор над неутралните води на Балтичко Море откри три воздушни цели кои се приближуваа до руската државна граница. За да ги идентификуваат, беа кренати три „су-27 “ од силите на Балтичката флота.

Руските ловци ги идентификуваа воздушните цели како стратешки бомбардери „б-52Х“  на американското воено воздухопловство. Руските ловци се вратија во нивната база откако американските авиони ја напуштиле руската државна граница.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Полска одбележува 80 години од Варшавското востание

Едногодишно бебе ставило ТВ-кабел во уста, доживеало струен удар: Родителите во шок

Техеран: Ајатолахот Хамнеи одржа погребна молитва за лидерот на „Хамас“ Исмаил Ханија