Утрински Весник
Спорт

Можна „братска“ пресметка во плејофот во ЛШ – Црвена звезда против Олимпијакос

Можна „братска“ пресметка во плејофот во ЛШ – Црвена звезда против Олимпијакос
Dik 300x250 mk

Точно напладне во седиштот на УЕФА беа извлечени двојките за плејофот во Лигата на шампионите. Две двојки во „патеката на шампионите“ привлекуваат особено внимание Црвена звезда доколку ја мине Омонија во третото коло за пласман во фазата по групи ќе игра против Олимпијакос, додека Славија Прага го чека победникот од натпреварот помеѓу Јанг Бојс и Митјиланд.

Преостанатите две двојки во Њпатеката на шампионите“ се Макаби Тел Авив или Динамо Брест против Салцбург, додека меѓусебе во плејофот ќе играат победниците од натпреварите Карабаг/Молде и Динамо Загреб/Ференцварош.

Во другата половина каде што се екипите кои во националните првенства ги освоија вторите места, во плејофот ќе играат Краснодар против победникот од натпреварот Бенфика-ПАОК, односно Гент-Рапид Виена против Динамо Киев или АЗ Алкмар.

Првите натпревари на програмата се на 22 и 23 септември, а реваншите на 29 и 30 септември.

> Можна „братска“ пресметка во плејофот во ЛШ – Црвена звезда против Олимпијакос <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Денвер предводен од Јокиќ го надигра Голден Стејт

Со натпревари во Куманово и во Струга стартува 13.то коло во ПФЛ

Мусети спаси меч-топка за финале против Ѓоковиќ во Атина