Утрински Весник
Спорт

Кастањ пет години во Лестер

Кастањ пет години во Лестер

Лестер започна да ги трошат парите кои во клубот влегоа од трансферот на Бен Чилвел во Челси. Нов играч на „лисиците“ е Тимоти Кастањ кој потпишал пет годишне договор. Лестер на Аталанта за Кастањ ќе и плати 24.000.000 евра.

Кастањ има 24 години, кариерата ја започнал во Генк, а во 2017 година се пресели во Аталанта. Во Бергамо имаше одлични три сезони, минатата сезона играш во четврт-финалето во Лигата на шампионите, а во Серија А даде голем придонес во освојувањето на третото место.

Кристоф Теро, познатиот белгиски новинар, објави дека ова е трет белгиски репрезентативец кој во последната година пристигнал во Лестер.

Минатата сезона во Лестер пристигнаа Јури Тилеманс за 45.000.000 евра и Денис Прат за 19.200.000 евра.

> Кастањ пет години во Лестер <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мбапе го купи францускиот второлигаш Каен

Пан го урна светскиот рекорд па „удри“ по колегите од Австралија и САД

Милан го победи Реал, Луверпул славеше над Арсенал