Прилепското основно јавно обвинителство донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 26-годишен прилепчанец, за коj постои сомнение дека сторил тешки дела против општата сигурност.
Како што информираат од обвинителството, осомничениот на 31 август, околу еден частот по полноќ со пожар предизвикал поголема имотна штета во висина од милион денари во обложувалница во Прилеп.
Тој купил 1,5 литaр бензин од бензиска пумпа, ставајќи го во пластично шише, па се упатил кон обложувалницата каде што пристигнал околу 1 часот.
Се доближил на растојание од 3-4 метри, пронашол поголеми камења и со истите скршил едно од стаклата покрај влезната врата.
Потоа влегол во внатрешноста на обложувалницата и започнал бензинот да го истура во објектот, најнапред околу шанкот и просторот каде што седеле вработените, а потоа во останатиот дел од обложувалницата.
Додека бил во внатрешноста, со кибритот кој што го носел со себе, го запалил бензинот и предизвикал пожар.
Откако го извршил кривичното дело, осомничениот со такси отишол во полициска станица во Прилеп и го пријавил настанот.
За осомничениот судот определил притвор во траење од 30 дена.