Утрински Весник
Свет

Хонгконг започна со масовно тестирање – за граѓаните тоа е ограничување на нивната слобода

Хонгконг започна со масовно тестирање – за граѓаните тоа е ограничување на нивната слобода

Хонгконг започна со бесплатно тестирање за коронавирус на сите свои жители. Оваа иницијатива на кинеските власти наиде на скептицизам во јавноста во Хонгконг и меѓу здравствените работници, додека некои активисти повикуваат на бојкот.

Иницијативата на централните кинески власти за масовно тестирање ја започна тим од 60 здравствени работници, кои дојдоа во Хонгконг од други делови на Кина. Тоа е прва директна медицинска помош од Кина за полуавтономниот град.

Бесплатното тестирање стана важно политичко прашање, а властите во Хонгконг и Кина тврдат дека критичарите на тестирањето ја напаѓаат иницијативата само за да се спротивстават на централната влада.

Лидерот на Хонгконг, Кери Лам, рече дека е потребно тестирање за да се лоцираат асимптоматски случаи кои можат да станат носители на болеста и ги повика здравствените работници да спроведат тестирање „објективно и професионално“.

Спорот околу тестирањето доаѓа во чувствително време кога многу од 7,5 милиони жители на Хонгконг ја доживуваат секоја иницијатива во Пекинг како обид за ограничување на нивните слободи, особено по усвојувањето на новиот закон за национална безбедност во јуни.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Полска одбележува 80 години од Варшавското востание

Едногодишно бебе ставило ТВ-кабел во уста, доживеало струен удар: Родителите во шок

Техеран: Ајатолахот Хамнеи одржа погребна молитва за лидерот на „Хамас“ Исмаил Ханија