Утрински Весник
Македонија

Нови кадровски решенија во ВМРО-ДПМНЕ, преку оглас ќе се бира претседателка на Унијата на жени

ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ на власт не може да има добар и квалитетен живот

Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа редовна седница на која се дискутирало на повеќе теми, со акцент на актуелната политичка состојба.

На седницата донесени биле и повеќе одлуки во однос на кадровските решенија во партијата.

Како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, за Координатор на пратеничката група е избран Никола Мицевски, а за негови заменици се именувани пратеничките Дафина Стојаноска и Ели Панова.

На седницата на Извршниот комитет била донесена и одлука за избор на претседатели на општински комитети во изборните единици 1, 2 и 3.

– Иван Живковски – ОК Кисела Вода;
– Дејан Митески – ОК Аеродром
– Тони Јаревски – ОК Карпош
– Гане Петров – ОК Центар
– Жарко Ристески – ОК Македонски Брод
– Јане Мицевски – ОК Сопиште
– Кенан Абди – ОК Студеничани
– Мартин Стојановски – ОК Сарај
– Бобан Стефковски – ОК Гази Баба
– Бојан Стојаноски – ОК Ѓорче Петров
– Ѓоко Велковски – ОК Чаир
– Дарко Костовски – ОК Бутел
– Зоран Бајовски – ОК Чучер Сандево
– Ерџан Демир – ОК Шуто Оризари
– Александар Ѓорѓиевски – ОК Илинден
– Марија Петрушевска – ОК Петровец
– Коста Маневски – ОК Зелениково
– Зоран Здравевски – ОК Чашка
– Дејан Владев – ОК Свети Николе
– Иван Јорданов – ОК Штип
– Виктор Паунов – ОК Карбинци
– Далибор Ангелов – ОК Чешиново Облешево
– Борчо Коцев – ОК Зрновци
– Митко Костадиновски – ОК Виница
– Димче Атанасовски – ОК Македонска Каменица
– Бошко Цветковски ОК Лозово
– Киро Нацков ОК Градско

Извршниот комитет го избрал Сергеј Попов за нов претседател на УМС. Попов е од Скопје, апсолвент на Правниот факултет Јустинијан Први и е досегашен претседател на градскиот комитет на УМС на ВМРО ДПМНЕ.

Донесена е одлука и за распишување на оглас за избор на претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, преку јавен повик кој ќе трае две недели.

Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ќе го раководи Луке Галески.

Процесот на кадровски смени и доекипирање ќе продолжи во следниот период, информираат од партијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трипуновски на средба со Невена Јовановиќ, Амбасадор на Република Србија

Кривична пријава за обид за убиство во Радовиш

Со ниски даноци владата сака да привлече големи странски фирми да регистрираат фирми во Македонија