Утрински Весник
Македонија

Со крвна плазма третирани се околу 70 пациенти, расте бројот на пријавени донори

Извршена трансплантација на хематопоетски матични клетки од несроден донор кај пациент со акутна леукемија

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека досега се обезбедени 88 единици конвалесцентна плазма, од вкупно 53 донори. Со крвна плазма се третирани околу 70 пациенти. Во моментов, установата располага со 16 единици конвалесцентна плазма спремна доколку се појави потреба за третман на пациент.

„ Секојдневно расте бројот на пријавени донори на конвалесцентна плазма од лица кои се излечени од коронавирус. Нивниот висок алтруизам е да помогнат на пациенти со изразена клиничка слика на Ковид-19 болест. Апелирам до сите излекувани пациенти да даруваат крвна плазма за да им помогнат на пациентите кои во моментов се борат со вирусот“, изјави директорот на Установата, д-р Седула Усеини.

Само излекувани пациенти од коронавирусот можат да даруваат. Тие треба да се пријават преку електронскиот формулар на веб-страницата на Институтот за трансфузиона медицина.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Спречен обид за илегално преминување на државната граница

Акција на полицијата во Гостивар: Марихуана пронајдена при претрес на дом

Успешна потрага на Шара: пронајдена жената која исчезна при искачување кон „Титов Врв“