Утрински Весник
Магазин

Лејди Гага доминираше на „Ем-ти-ви ВМА“, Викенд ja освои главната награда

Лејди Гага доминираше на „Ем-ти-ви ВМА“, Викенд ja освои главната награда

Лејди Гага со низа настапи беше главна ѕвезда на виртуелното доделување видео-музички награди на „Ем-ти-ви“ во неделата ноќта, а Канаѓанецот Викенд ја однесе главната награда, коментираат американските медиуми и додаваат дека и двете поп-sвезди им испратија важни пораки на гледачите за моменталната состојба во светот: „Носете маска“ и „Правда за Џејкоб Блејк и Бриона Тејлор “.

Гага освои четири награди – вклучувајќи и уметник на годината – повеќето од нив за нејзиниот хит број 1 со Аријана Гранде, Rain on Мe, кој двете го изведоа во живо за прв пат.

“Носете маска. Тоа е знак на почит”, рече Гага за време на еден од нејзините неколку настапи на сцена кога ги прифаќаше наградите како уметник на годината, песна на годината и награда на Ем-ти-ви Трикон.

Со електронична маска на лицето, Гага изведе микс од неколку нејзини песни, Stupid Love, Chromatica 2 и 911. На неа и Гранде им се придружија голем број танчери во позадина, сите со маски.

Канадскиот музичар Викенд, првиот изведувач на вечерта, им оддаде почит на Блејк и Тејлор – двајца Афроамериканци кои беа застрелани од полицијата – откако ја освои наградата за видео на годината и за најдобро аренби за Blinding Lights.

„Навистина е тешко за мене да славам во овој момент и да уживам во овој момент, така што само ќе кажам: Правда за Џејкоб Блејк и правда за Бриона Тејлор“, рече тој.

Овогодинешната церемонија првично требаше да се одржи во Баркли центарот во Бруклин, Њујорк, со ограничена публика, но наместо тоа, доделувањето на наградите беше виртуелно, со претходно снимени настапи и обраќања.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста