Утрински Весник
Свет

Лукашенко го повлече амбасадорот во Шпанија

Лукашенко со наредба до полицијата да им стави крај на протестите

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко го повлече амбасадорот во Шпанија, поради непрописно објавување на службената должност, пренесе ТАСС.

Амбасадорот на Белорусија во Шпанија, Павел Пустовој претходно на Фејсбук го поддржа повторното броење на гласовите од претседателските избори, кои се одржаа на 9 август.

Во согласност со одлуката на Лукашенко, Пустовој е разрешен од должност амбасадор во Шпанија и претставник на Белорусија во Светската туристичка организација.

Една недела претходно, Лукашенко го повлече амбасадорот од Словачка, Игор Лешчењ, кој ги поддржа протестите во својата земја.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Родригез: Договорот за нафта со САД ќе биде во сила 25 години

„Гардијан“: Русија губи 6.000 војници повеќе во Украина секој месец отколку што регрутира

Во Сеута останаа 5.000 мигранти, од кои 1.500 малолетни лица