Утрински Весник
Магазин

Новата девојка на Бред Пит сè уште во брак, мажена со 68-годишен богаташ со кого има син

Новата девојка на Бред Пит сè уште во брак, мажена со 68-годишен богаташ со кого има син

Холивудскиот заводник Бред Пит (56) е во врска со германската моделка Никол Потуралски (27), која е  сè уште во брак, пишуваат странските медиуми.

Приватниот живот на популарниот актер отсекогаш бил под лупа на јавноста, а светските медиуми пишуваат за нови интересни детали за оваа врска.

View this post on Instagram

Monday back to work

A post shared by Nico (@nico.potur) on

Германката Никол Потуралски веќе неколку дена е темата број еден на сите светски таблоиди, а на медиумите им беа потребни неколку дена за да дознаат доста интригантни детали за животот на фаталната убавица.

Славниот актер и моделката беа видени како се гушкаат на аеродром во Франција пред да заминат на романтично патување со приватен лет. На почетокот сите мислеле дека е слободна, млада и привлечна жена која неодоливо потсетува на Ирина Шајк.

„Дејли мејл“ пишува дека Никол е во брак со 68-годишниот богаташ и угостител Роланд Мари. Медиумите тврдат дека Пит и Никол се запознале во ресторанот на нејзиниот сопруг и дека тој веднаш се заљубил во неа.

Никол и Роланд го имаат синот Емил (7), а Мари не сакал да ги коментира односите меѓу неговата сопруга и актерот.

„Не го интересира негативност или љубомора. Тие сè уште се во брак, и таа врска може да се опише како отворен брак”, изјавила пријателка на моделката Никол Потуралски.



Извор: Makfax

Можете да прочитате

ВЕРО Центар ја слави традицијата со манифестацијата „Домашно со љубов“

Мекиканец се обидел да прошверцува во Германија повеќе од 90 различни видови влекачи

Златко Муцунски се збогува со „Порше Македонија“ – Време е да свртам нова страница