Муслиманка од Индија побарала развод од шеријатскиот суд затоа што нејзиниот сопруг премногу ја сака, пренесува „Одити централ“.
Неидентификувана жена од индискиот округ Самбал во сојузната држава Утар Прадеш се обратила до шеријатскиот суд за да побара развод од нејзиниот сопруг со кого е во брак 18 месеци.
На прашањето да го објасни своето барање, жената рекла дека нејзиниот сопруг ја сака премногу и никогаш не се скарал со неа и таа не може да го прифати тоа. Исто така нејзиниот сопруг готвел и чистел и и помагал во разни домашни работи. Обраќајќи му се на судот, таа рекла дека и е доста и побарала од судот да стави крај на нејзиниот брак.
„Не ми вика и никогаш не ме налутил. Дури ми готви и ми помага во домашните работи“, рекла незадоволната жена. „Кога и да погрешам, тој секогаш ми простува. Сакав да се расправам со него. Не ми треба живот во кој сопругот се согласува со мене за сè.“
‘My husband doesn’t fight with me, I am fed up’, UP woman approaches Sharia court seeking divorce.https://t.co/tLN4Pv6NYG
— TIMES NOW (@TimesNow) August 21, 2020
Откако ја ислушале, збунетите свештеници од шеријатскиот суд веднаш го одбиле нејзиното барање, кое тие го опишале како несериозно, и побарале од двојката да ги реши своите несогласувања самостојно. Но, жената не застанала тука. Откако нејзиното барање за развод било одбиено, таа им се обратила на членовите на локалниот совет, но тие исто така одбиле да се мешаат во нејзиниот брак.
Според локалните медиуми, сопругот на жената изјавил дека не сторил ништо лошо, туку само сакал да биде совршен сопруг.