Утрински Весник
Спорт

Златан потпиша: Милан е мојот дом!

Златан потпиша: Милан е мојот дом!

Милан и официјално го потврдија остварувањето на најголемата цел во летниот преоден рок, обновувајќи го договорот со Златан Ибрахимовиќ до јуни 2021 година.

Шведскиот ас прво пристигна во Милан во 2010 година, по што имаше 85 настапи и 56 гола освојувајќи едно скудето со „росонерите“, пред да се врати во јануари оваа година и да има фантастично влијание на формата на тимот и покрај тоа што има 38 години – постигна 11 гола во 20 меча.

> Златан потпиша: Милан е мојот дом! <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Автомобилско шоу на Пониква – изложба на двесте автомобили

Линда Носкова нова шампионка на Вимблдон

Почина репрезентативец на Јужна Африка