Утрински Весник
Свет

Опозицијата во Црна Гора во четири точки се договори за нова влада

Опозицијата во Црна Гора во четири точки се договори за нова влада

Денеска беше одржан состанок на лидерите на опозициските коалиции „За иднината на Црна Гора“, „Мир е нашата нација“ и „Црно на бело“, Здравко Кривокапиќ, Алекса Бечиќ и Дритон Абразовиќ кои ќе ја формираат новата влада.

На состанокот биле договорени четири принципи на кои ќе се темели идната власт.

Првиот принцип е дека новата власт одговорно ќе ги спроведе сите меѓународни преземени обврски.

Втор принцип е дека новата власт ќе ги реализира сите неопходни реформи со што Црна Гора во најкраток можен рок ќе пристапи на Европската унија.

Третиот договорен принцип е дека идната влада мора да е составена од експерти од одредени области, без разлика на нивната политичка, верска, национална или било каква друга припадност.

Како четврти принцип, се наведува почитување на Уставот и промена на сите антидискриминаторски закони, вклучувајќи го и Законот за слободата на вероисповеста.

Тројцата лидери им подадоа рака и на малцинските партии да се вклучат во градењето на иднината на Црна Гора.

Трите коалиции заедно имаат 41 пратеник, што е доволно за фирмирање влада.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

САД подготвуваат предлог-закон за санкции од 500 отсто за земји што купуваат руска енергија

САД воведуваат 35 отсто царини за Канада, Трамп најавува тарифи за повеќето трговски партнери

Трамп: Во понеделник „голема изјава“ за Русија