Утрински Весник
Македонија

Изградбата на пруга до скопскиот аеродром вметната во владината програма за работа до 2024 година

Допрва ќе се анализира дали возот е економски исплатлив како јавен превоз во Скопје
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Изградбата на новата пруга од Миладиновци од Меѓународниот аеродром Скопје влезе во Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија за периодот 2020-2024 година. Новата влада на премиерот Зоран Заев, која што беше изгласана вчера од Собранието, се обврза дека ќе го изгради железничкиот крак долг пет километри, со кој главниот град би добил аеродромски воз како најбрза и најевтина опција за превоз од аеродромот до центарот на Скопје.

„Мета.мк“ за потребата од воведување на аеродромски воз од Транспортниот центар до скопскиот аеродром пишува исцрпно од минатата есен до денес. Проектот го поддржаа и од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ, кои минатата есен изразија подготвеност да бидат носители на реализацијата на проектот. Истовремено, Министерството за транспорт и врски изминатиот период го стави како приоритетен проектот за воведување на железничка врска од Транспортниот центар до Меѓународниот аеродром Скопје на листата на проекти за кои во иднина ќе бараме поддршка од ЕУ и од другите меѓународни финансиски институции.

Новата влада на премиерот Зоран Заев се обврза дека во наредните четири години ќе изработи пилот-проект за воведување на градска железница на постојниот железнички крак Зелениково-Драчево-Лисиче-Пинтија-11 Октомври-Транспортен центар, но и дека ќе ја изработи проектната техничка документација за електрификација на пругата Транспортен центар-Скопје Север-Ѓорче Петров-Волково-Блаце.

Покрај тоа што ќе служи за брз и евтин превоз на граѓаните меѓу скопскиот аеродром и центарот на градот, идната пруга од Миладиновци до аеродромот ќе им користи за секојдневни патувања и на жителите од Маџари, Илинден и Миладиновци како попатни станици, а постои можност и Куманово како втора по големина општина во земјава да биде поврзана со патнички возови кои би застанувале и на идната железничка станица на Меѓународниот аеродром Скопје.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Во месец декември 19.750 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 132 лица за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

Делумен прекин на железничкиот сообраќај, во бојкот дел од машинскиот и извршниот персонал

2026 нема да биде спектакуларна, но може да биде пресвртна