Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 450 тестирања, а регистрирани се 11 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-3, Куманово-1, Тетово-1, Гостивар-1, Гевгелија-1, Крива Паланка-1, Берово-1, Виница-1, Делчево-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациент од: Скопје-44, Штип-16, Прилеп-3, Велес-2, Кавадарци-4, Гостивар-2, Гевгелија-1, Струмица-2, Кочани-2, Пробиштип-1, Македонски Брод-2, Виница-3, Свети Николе-11, Кичево-1, Неготино-1.
Починати се 3 лица, пациент од Гостивар (51 години), пациент од Прилеп (65 години) и пациентка од Виница (78 години). Сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14341, бројката на оздравени пациенти е 11157, на починати е 603, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2581. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 5903, активни 812
 • Куманово 1472, активни 379
 • Дебар 252, активни 84
 • Штип 1134, активни 132
 • Прилеп 463, активни 111
 • Тетово 1211, активни 164
 • Струга 562, активни 60
 • Велес 270, активни 29
 • Битола 203, активни 39
 • Охрид 337, активни 34
 • Кавадарци 182, активни 76
 • Гостивар 791, активни 236
 • Гевгелија 52, активни 29 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
 • Струмица 65, активни 19
 • Крива Паланка 47, активни 18
 • Радовиш 42, активни 6
 • Крушево 16, активни 0
 • Кочани 145, активни 27
 • Пробиштип 80, активни 13
 • Демир Хисар 60, активни 16
 • Македонски Брод 71, активни 16
 • Пехчево 18, активни 12
 • Берово 58, активни 49
 • Валандово 9, активни 2
 • Виница 71, активни 33
 • Делчево 60, активни 51 (13 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
 • Кратово 19, активни 4
 • Свети Николе 288, активни 53
 • Кичево 269, активни 65
 • Ресен 146, активни 0
 • Неготино 45, активни 12 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 450 теста се преку: ИЈЗ-53 , ЦЈЗ Скопје-0, Авицена-0, Биотек-52, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-179, Систина со PCR метода -143, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-7, ГАК-16, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 148.269 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 75 пациенти. На кислородна поддршка се 43, нема пациенти на механичка вентилација.
 Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 5  позитивни деца, 3 мајки и 3 деца суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3 нови, вкупно хоспитализирани се 39 пациенти. На респираторна машина е 1 пациент.
 Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 114 , позитивни и сомнителни на ковид-19.
 Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје).
• Чаир – 104
 • Гази Баба – 99
 • Аеродром – 99
 • Карпош – 85
 • Центар – 76
 • Кисела Вода – 101
 • Ѓорче Петров – 50
 • Бутел – 58
 • Шуто Оризари – 32
 • Студеничани – 26
 • Сарај – 25
 • Арачиново – 15
 • Илинден – 14
 • Сопиште – 5
 • Чучер Сандево – 4
 • Петровец – 8
 • Зелениково – 3
 • Странец – 8


