Утрински Весник
Свет

Лукашенко предлага референдум за измени во уставот на Белорусија

Лукашенко предлага референдум за измени во уставот на Белорусија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Белорускиот претседател Александар Лукашенко ја претстави идејата за уставниот референдум со цел да се смират масовните протести.

Десетици илјади луѓе се собраа во Минск во неделата на третиот по ред протестен викенд поради спорните претседателски избори на 9 август, на кои Лукашенко беше избран за претседател по шести пат.

Според државната агенција „Белта“, Лукашенко изјавил дека „експерти“, вклучително и судии на Уставниот суд, работат на измени на Уставот за кои ќе се изјаснува на референдум.

„Би сакал тие промени да го подобрат нашето општество. Ние ќе инсистираме на тие промени и ќе им ги понудиме на нашиот народ“, рече Лукашенко на работниот состанок.

Белорускиот претседател не изнесе повеќе детали, но тој и порано ги спомнуваше измените во Уставот, а Москва ја оцени таа иницијатива како ветувачки излез од кризата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

БФМ: Прскалки во шишиња можна причина за пожарот во швајцарското одморалиште

Сопствениците на барот во Кран-Монтана се живи, идентификувано е тело на 17-годишен италијанец

Најмалку пет лица, меѓу кои и три деца, загинаа во пожар во руска Јакутија