Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски не успеа, твоите незрели политики се поразени по трет пат од граѓаните

Мицкоски најави анализа за тоа како и со што ВМРО-ДПМНЕ го разочарала народот

Разбирлива е нервозата и очајот кај Христијан Мицкоски после третиот последователен изборен пораз што го доживеа, соопшти СДСМ.

„ Но, и месец и половина од изборниот пораз, Мицкоски се уште не може да се помири со тоа што граѓаните уште еднаш го казнија за неговото незрело, несериозно и неодговорно однесување.

Губитникот Мицкоски, после секој пораз бара алиби, се заканува со протести кои потоа мора да ги откажува затоа што граѓаните одамна не му веруваат.

Колку и да му е тешко, Мицкоски мора да сфати дека граѓаните не сакаат незрели, неодговорни политичари како него, кои го штитат криминалот и работат спротивно на интересите на граѓаните.

Мицкоски не успеа. Твоите назадни, незрели и антидржавни политики се поразени од граѓаните трет пат по ред.

Самиот Мицкоски јавно даваше збор дека ќе си поднесе оставка ако не успее да победи и да состави влада, затоа денеска нека не глуми прогнозер.

Татковината продолжува напред, на чело со Зоран Заев и СДСМ, поразениот Мицкоски останува назад.

Во полн четиригодишен мандат продолжуваме уште повеќе и уште подобро, заедно со граѓаните“ велат од партијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Министерот Филков ќе магистира на тема за владиниот ресор со кој раководи

МакедонијаСДСМ ги објави имињата на уште тројца кандидати за градончалници

Семејството на смртно прегазената Теодора револтирано: „Како може тепање и убиство да имаат иста казна – две години затвор?“