Утрински Весник
Свет

Русија во реципрочен потег протера тројца словачки дипломати

Русија во реципрочен потег протера тројца словачки дипломати
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Руското Министерство за надворешни работи денеска објави дека во реципрочен потег протерала тројца словачки дипломати, пренесува „Анадолија“.

Одлуката му била пренесена на словачкиот амбасадор во Русија, Петер Припутен, се вели во соопштението на Министерството за својата официјална веб-страница.

„На 31 август, руското Министерство за надворешни работи го повика амбасадорот на Словачката Република во Руската Федерација, Петер Припутен, за да му изрази силен протест за неоправданото протерување на тројца дипломатски службеници на руската амбасада во Словачка во август годинава“, се вели во извештајот.

Москва го смета чекорот од Братислава за непријателски и „спротивен на традиционалниот дух на конструктивен развој на односите меѓу нашите земји“, додаде тој.

На 11 август, Словачка протера тројца вработени во руската амбасада во главниот град Братислава. Локалната телевизија „Маркиза“ тврди дека дипломатите биле протерани затоа што станува збор за разузнавачи кои работеле тајно.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

БФМ: Прскалки во шишиња можна причина за пожарот во швајцарското одморалиште

Сопствениците на барот во Кран-Монтана се живи, идентификувано е тело на 17-годишен италијанец

Најмалку пет лица, меѓу кои и три деца, загинаа во пожар во руска Јакутија