Утрински Весник
Свет

Конечни резултати од изборите во Црна Гора: ДПС 35,06, опозицијата 32,55 проценти од гласовите

Конечни резултати од изборите во Црна Гора: ДПС 35,06, опозицијата 32,55 проценти од гласовите
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Државната изборна комисија на Црна Гора ги објави резултатите од парламентарните избори врз основа на 100 проценти од обработениот примерок, според кои Демократската партија на социјалистите освои 35,06 проценти, или 143.548 гласови, а коалицијата „За иднината на Црна Гора“ 32,55 проценти (133.267), пишуваат „Вијести“.

Коалицијата Мирот е наша нација освои 12,53 проценти (51.229), Црно на бело 5,53 (22.649), социјалдемократите 4,10 (16.769), Бошњачката партија 3,98 (16.226), СДП – Силна Црна Гора 3,14 (12.839), Албанската листа 1,58 (6.488) и албанската коалиција „Едногласно“ 1,14% (4.675).

Хрватската граѓанска иницијатива освои 0,27 (1.115), а Хрватската партија за реформи 0,13 отсто, или 532 гласови, и тие не го поминаа цензусот.

Гласале 76,65 проценти од регистрираните избирачи, односно 413.954 од нив, од кои 409.451 се важечки гласачки ливчиња.

 

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

БФМ: Прскалки во шишиња можна причина за пожарот во швајцарското одморалиште

Сопствениците на барот во Кран-Монтана се живи, идентификувано е тело на 17-годишен италијанец

Најмалку пет лица, меѓу кои и три деца, загинаа во пожар во руска Јакутија