Утрински Весник
Свет

Финансиери на Исламска држава уапсени во пет руски региони

Финансиери на Исламска држава уапсени во пет руски региони

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) притворила финансиери на терористичката организација Исламска држава во пет региони на земјата, се наведува во соопштението на ФСБ објавено од ТАСС.

„Федералната служба за безбедност спроведе заедничка операција со Истражниот комитет, Министерството за внатрешни работи, Федералната служба за финансиски мониторинг и Националната гарда и растури тајна ќелија која беше активна во Москва и во регионите на Москва, Дагестан и Краснојарск и автономниот регион Ханти-Мансијск, собирајќи и пренесувајќи пари на терористичката организација Исламска држава“, се вели во соопштението.

Кривични случаи се отворени против шест Руси според член 205.1.1 од рускиот Кривичен законик (поттикнување тероризам).

Според ФСБ, приведените биле вклучени во активности на криминална група чии членови биле осудени за финансирање терористички организации во Сирија. Кај уапсените се запленети комуникациски средства и алатки за плаќање што ги докажуваат нивните незаконски активности.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два танкера погодени од проектили во близина на брегот на Саудиска Арабија

Трамп тврди дека Зеленски добил „милијарди долари“, Шикорски негира – САД немаат дадено „ниту цент“ од јануари 2025

Нов бран протести низ Франција поради зголемените трошоци за живот