Утрински Весник
Македонија

Шестмина повредени, меѓу кои и четиригодишно дете, на патот Штип-Скопје

Шестмина повредени, меѓу кои и четиригодишно дете, на патот Штип-Скопје

Синоќа во 20.45 часот било пријавено дека на автопатот Штип – Скопје, после клучката „Преод“, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „хонда сивик“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(46) од Скопје и „хонда џез“ со скопски регистарски ознаки, управувана од Г.Ј.(34) од Скопје.

Во несреќата со тешки повреди се здобиле сопатниците од возилото „хонда џез“, М.Ј.(32) и четиригодишно дете, а со телесни повреди се здобил возачот Г.Ј., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобиле и возачот И.И. и сопатниците В.И. и З.А. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Филков: Ги повикувам Судскиот совет и Советот на јавните обвинители итно да свикаат седници,и да утврдат дали има основ за одговорност кај судијата и јавниот обвинител за одлуката за куќен притвор

Скопскиот аеродром доби награда „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“ за 2025 година

Матичната собраниска комисија не го прифати предлог-законот за минимална плата