Утрински Весник
Економија

Забрзан раст во услужниот сектор во Кина

Забрзан раст во услужниот сектор во Кина

Активноста во услужниот сектор во Кина се зголеми со многу побрзо темпо во август, покажуваат објавените официјални податоци.

Причината е дека побарувачката во економијата генерално продолжува да закрепнува од падот предизвикан од пандемијата на коронавирус.

Официјалниот индекс на менаџерите за непроизводни набавки (PMI) се искачи на 55,2 поени во август од 54,2 поени во јули, според Централното биро за статистика (НБС), пренесува „Ројтерс“.

Показателот од 50 поени е гранична вредност што го одделува растот од падот.

Кинескиот сектор на услуги, кој вклучува многу помали, приватни компании, во претходниот период закрепнуваше побавно од здравствената криза отколку производството, со големи загуби на работни места, намалување на платите и стравување од втор бран на инфекции, што влијаеше на претпазливоста на потрошувачите.

Официјалниот августовски композитен PMI, кој вклучува и производство и услужни дејности, се искачи на 54,5 поени во однос на нивото од јули од 54,1 поен.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија