Утрински Весник
Спорт

Јунајтед и Ајакс се договориле за Ван де Бек

Јунајтед и Ајакс се договориле за Ван де Бек

Дони ван де Бек наскоро ќе стане играч на Манчестер Јунајтед. Англиските медиуми објавија дека Ајакс ја прифатиле понудата од 40.000.000 фунти. Фудбалерот ќе го потпише договор кога ќе ги мине лекарските прегледи.

Би-би-си објави дека на почетокот на неделата клубовите ќе го комплетираат трансферот што значи дека ОлеГунар Солскјер би можел да го има Ван де Бек во тимот веќе за првиот меч во сезоната против Кристал Палас на 19 септември.

23 годишниот Холанѓанец досегашната кариера ја мина во Ајакс. За клубот од Амстердам одиграч 118 натпревари, постигнал 28 голови.

> Јунајтед и Ајакс се договориле за Ван де Бек <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Џорлев освои злато на Светското карате првество за кадети, јуниори во Полска

Тебас: Не знам колку пати досега Реал побарал моја оставка

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија