Утрински Весник
Македонија

(Видео) Спасовски му ја предаде премиерската функција на Заев

(Видео) Спасовски му ја предаде премиерската функција на Заев

Техничкиот премиер Оливер Спасовски, му ја предаде функцијата иден премиер на Зоран Заев, кој пред полноќ беше изгласан за претседател на Владата со 62 гласа „за“ и 51 „против“.

„На денешното примопредавање на премиерската должност, на премиерот Зоран Заев му посакав успешен 4-годишен мандат на новата Влада, во којашто заедно ќе се заложиме да ги оствариме приоритетите за коишто ја добивме довербата од граѓаните: сигурна иднина, заштита на јавното здравје, нова развојна економија, правда, европски перспективи. Имав чест и голема одговорност да ја предводам Владата во специфичен период, во којшто заедно се согласивме дека преодната Влада успешно одговори на предизвиците. Продолжуваме да работиме заедно во новата Влада, на граѓанските интереси и за доброто на државата, секој од нас според доверените должности“, објави Спасовски на Фејсбук.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов до крајот на 2029 година

Обвинение за 21-годишник, ја претепал и 15 часа ја држел заклучена бремената девојка

Инцидент со плинска боца во угостителски објект во Кочани, спречени посериозни последици