Утрински Весник
Магазин

Том Круз сподели видео додека се вози во лондонско такси

Том Круз сподели видео додека се вози во лондонско такси
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Тој помина некое време во самоизолација, релаксирајќи се во луксузниот „Сент Хил Мејнор“ во Западен Сасекс.

А пред неколку дена, Том Круз сподели забавно видео додека крстари низ Лондон во такси, пред да се упати на специјалната проекција на „Тенет“.

Специјалната прокеција, претпремиера на новиот филм на Кристофер Нолан, се одржа во преполна киносала на британскит институт за филм, BFI IMAX, во вторникот. Оваа киносала има најголемо кино-платно во Велика Британија, високо над 20 метри и широко 26 метри.

Холивудскиот актер (58) го започнува видеото со возење покрај Бакингамската палата каде група фанови на велосипеди го препознаваат. Потоа застанува пред киното, каде што позира пред постерот на „Тенет“и вели: „Еве, се враќаме на филмовите во киносали!“

Круз, кој моментално е во Велика Британија за да го снима „Невозможна мисија 7“, сподели и неколку фотографии за своите 4.9 милиони следачи на Инстаграм, со коментар за „Тенет“: „Голем филм. Големо платно. Многу ми се допадна”.

Се чини дека Круз ужива во својот престој во Лондон, коментираат британските весници.  Минатиот понеделник, тој слета со хеликоптер на хелиодромот Батерси. А минатиот месец, холивудската sвезда ги изненади голферите членови на приватен клуб кога пристина со хеликоптер на теренот за голф во Ричмонд.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Опасности од комбинирање на лекови со пијалаци: Зошто е важно да се користи само вода

Новогодишни верувања што ветуваат среќа, љубов и пари во новата година

Годишен хороскоп 2026 – Нови почетоци и можности за сите знаци