Утрински Весник
Свет

Ѓукановиќ се обрати до јавноста

Ѓукановиќ се обрати до јавноста
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Околу полноќ, четири часа по затворањето на избирачките места, лидерот на ДПС во Црна Гора, Мило Ѓукановиќ им се обрати на граѓаните. Тој на своите приврзаници во седиштето на ДПС во Подгорица им порача дека партијата ќе ги признае сите изборни резултати, но ќе ги чека конечните информации од Државната изборна комисија.

Разликата помеѓу двете првопласирани сили е толку тенка што еден глас во идниот собраниски состав може да го донесе потребното мнозинство за формирање влада.

„Ќе почекаме да видиме кој ќе го има тој 41-ви глас“, рече Ѓукановиќ, додавајќи дека неговата партија ќе остане непоколеблив борец за европската иднина на Црна Гора.

Тој објави дека ДПС, врз основа на резултатите од парламентарните избори на 90 проценти од пребројаните гласови, има 30 мандати, а со традиционалните партнери – 40, еден помалку од потребниот за тесно мнозинство.

Сепак, тој вели дека „борбата за мнозинството сè уште трае“.

„Врз основа на преброени 145.000 гласови, ДПС освои 30 места во црногорскиот парламент“, рече Ѓукановиќ, додавајќи дека тие имаат 40 места со традиционалните партнери.

Наспроти ДПС се три опозициски коалиции: „За иднината на Црна Гора“ предводена од Демократскиот фронт (ДФ), „Мирот е нашата нација“ предводена од демократите Алекса Бечиќ и „Црно на бело“ на Дритан Абазовиќ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

БФМ: Прскалки во шишиња можна причина за пожарот во швајцарското одморалиште

Сопствениците на барот во Кран-Монтана се живи, идентификувано е тело на 17-годишен италијанец

Најмалку пет лица, меѓу кои и три деца, загинаа во пожар во руска Јакутија