Утрински Весник
Спорт

Партизан загуби во драма, Саво Милошевиќ го „гаѓаше“ судијата, клоцаше микрофони…

Партизан загуби во драма, Саво Милошевиќ го „гаѓаше“ судијата, клоцаше микрофони…

Во „луд“ натпревар во Нови Сад, Војводина со два гола по 90-тата минута успеа да стигне до 3:2 победа над Партизан по двата црвени картони, од кои еден за тренерот Саво Милошевиќ, кој имаше сопствено шоу на „Караѓорѓе“.

Умар Садик ги донесе Партизан во водство во 40-тата минута, но само три минути подоцна Партизан остана со играч помалку откако Сејдуба Суба доби црвен картон, зголемувајќи ги тензиите на мечот по мешаницата со Никола Дринчиќ.

Во 51. минута, Војводина израмнува преку Вукадиновиќ, но во 69. минута Партизан пак доаѓа во водство преку Александар Шчекиќ. Во 74. минута, Милошевиќ ги загуби нервите откако не беше досуден еден фаул за неговиот тим, по што влезе во расправија со судијата и го гаѓаше со шише, а потоа го клоцна микрофонот поставен покрај теренот.

На теренот, Војводина имаше пеколен финиш – во 90. минута Богдан Младеновиќ израмни на 2:2, за во 92. минута, Аранѓел Стојковиќ да го комплетира пресвртот во меч за кој многу ќе се зборува во српската јавност.

> Партизан загуби во драма, Саво Милошевиќ го „гаѓаше“ судијата, клоцаше микрофони… <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига