Утрински Весник
Магазин

Истрага за мистериозна смрт на 11 слонови

Стотина слонови пронајдени мртви во Боцвана

Властите во Зимбабве испитуваат смрт на 11 слонови во шума на западот на земјата. Телата на слоновите биле откриени во шумата Пандамасуе, лоцирана помеѓу националниот парк Хванге и водопадите Викторија.

Примероци од крв биле однесени во лабораторија за анализа за да се утврдат причините за смртта, изјави портпаролот на Националните паркови и Управата за заштита на диви животни во Зимбабве, Тинаша Фараво. Ловокрадството е исклучено како опција бидејќи слоновите биле принајдени со извиените коски.

„Можеме да ја утврдиме причината за смртта по тестовите. Ниту едно друго животно не е убиено, само слоновите, но досега тестовите не покажуваат труење со цијанид”, рече Фараво за АП.

Во последниве години, ловокрадците отруја десетици слонови за да земат коските коишто нелегално ги продаваат.

Мистериозната смрт на слоновите во Зимбабве е слична на смртта на повеќе од 275 слонови во соседна Боцвана минатиот месец. Научниците сè уште ја испитуваат смртта на слоновите во делтата на реката Окаванго, а отфрлени се ловокрадство, труење и заразната болест антракс.

Боцвана има најголема популација на слонови во светот, околу 156.000, а Зимбабве е на второ место со околу 85.000.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Како да ја вратите мотивацијата, фокусот и чувството за контрола врз секојдневниот живот

Во близина на Фукушима се појавиле диви свињи кои брзо се размножуваат

Најевтините и најскапите градови во Европа за туристите