Утрински Весник
Македонија

(Видео) Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа што сме 30 членка на НАТО

(Видео) Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа што сме 30 членка на НАТО

„За ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо тоа што денес сме 30 земја членка на НАТО и започнуваме преговори со ЕУ, затоа што не успеаја нивните намери да ја закочат иднината“, истакна пратеникот од СДСМ Костадин Костадинов, во вечерашното свое обраќање на собраниската седница.

„Со многу храброст и решителност го отворивме прашањето кое со години политiчки субјекти се плашеа да го отворат за да не изгубат од рејтингот. Го отворивме и го затворивме тоа прашање и денес сме 30 земја членка на НАТО и започнуваме преговори со ЕУ. Тоа е нешто што ВМРО-ДПМНЕ не може да го прифати, нешто со што ВМРО-ДПМНЕ не можат да се помират“, порача Костадинов.

Тој истакна дека на овие избори се судрија два концепти, едниот на коалицијата Можеме концепт кој нуди прогрес и иднина за државата и граѓаните и концептот Обнова, кој според него, се реализира внатре во ВМРО-ДПМНЕ и дека тоа е добро за државата и партијата и дека треба да истрае до крај.

Костадинов ги повика пратениците од опозицијата да дискутираат за суштинските прашња од програмата, бидејќи задржувајќи се на секундарни прашања, покажуваат дека се без аргументи.

„Нешто со што треба да се занимаваме е минималната плата, ЕУ интеграциите, јакнење на реформите во образование, обезбедување континуитет на добри економски политки, справување со здравствената криза, од здравствен, но и економски апсект“, рече Костадинов.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Колку реални се попустите за „Black Friday“: Маркетинг стратегија или вистински заштеди?

Чибишев: Воздух во Скопје станува алармантен, Здравјето нема цена !

Средба на лидерот на СДСМ, Филипче со Претседателката Сиљановска-Давкова