Утрински Весник
Македонија

Возач кој бегал од полицијата, ја скршил рампата на граница и влегол во Албанија

Возач кој бегал од полицијата, ја скршил рампата на граница и влегол во Албанија

Изутрината во 01,38 часот во Ресен на ул.„Корчуланска“ кај место викано „Гранит“ на даден знак од полициски службеници не сопрело патничко моторно возило „голф“ со охридски регистарски ознаки туку продолжило со голема брзина кон Граничниот премин Стење.

Потоа без да сопре удрило во рампата и продолжило со движење кон граничниот премин на територија на Албанија, каде и таму без да сопре го поминало преминот. Околу 02,25 часот на околу еден километер од границата возилото било пронајдено на територија на Албанија. Се работи на расчистување на случајот, информира полицијата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Концерт по повод денот на жената ќе се одржи во филхармонија

Хоџа: Одложен процесот за избор на директор на АЕК

Телма открива за колку убиства се сомничи серискиот убиец од кумановско