Утрински Весник
Македонија

Кумановец загина во сообраќајка, со автомобил удрил во паркиран камион

Овчар загина од удар на гром во светиниколско

Педесет и петгодишен кумановец загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Куманово-Крива Паланка.

Според информациите на МВР, несреќата се случила околу 18,40 часот  кај селото Младо Нагоричане кога „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки управувано од З.Д.(55) од Куманово удрил во паркиран камион „ивеко-тракер“ со скопски регистарски ознаки паркирано од В.Р.(39) од Скопје.

Со повреди се здобил З.Д. кој бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“-Скопје за укажување на лекарска помош, каде починал.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Спречен обид за илегално преминување на државната граница

Акција на полицијата во Гостивар: Марихуана пронајдена при претрес на дом

Успешна потрага на Шара: пронајдена жената која исчезна при искачување кон „Титов Врв“