Утрински Весник
Свет

Едно лице убиено на протест во Портланд

Едно лице убиено на протест во Портланд
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Едно лице било убиено доцна синоќа во Портланд, кога дошло до судири меѓу приврзаници на претседателот Доналд Трамп и демонстранти на движењето „Животите на црнците се важни“.

Не е јасно дали пукањето е поврзано со судирите. „Асошиејтед прес“ пренесува дека жртвата е белец.

„Полицајците од Портланд слушнале истрели. Тие заминале на местото и ја лоцирале жртвата со прострелна рана во градите. Брзата помош реагирала и утврдила дека жртвата починала“, соопшти полицијата.

Во Портланд, најголемиот град во Орегон, повеќе од три месеци се одржуваат протести, по смртта на Џорџ Флојд, кој го загуби животот за време на полициското апсење во Минеаполис.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Новогодишна ноќ се претвори во хорор: Експлозија и пожар со десетици жртви во Швајцарија

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин