Утрински Весник
Македонија

(Видео) Заев кон Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ ги преспа сите важни прашања за иднината на државата

(Видео) Заев кон Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ ги преспа сите важни прашања за иднината на државата

Веројатно е тешка помислата дека уште четири години треба да бидете опозиција, посочи претседателот на СДСМ и мандатар Зоран Заев во реплика кон пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

„Сите крупни одлуки, сите важни прашања ги преспавте, немавте став, немавте храброст кога требаше без разлика на политичка партија и кариера да се носат одлуки за перспективата на државата, немавте храброст ниту како власт, ниту како опозиција“, рече Заев.

Во обраќањето, Заев нагласи дека доаѓа време како членка на НАТО, со добиена одлука за почеток на преговори, низ поглавјата и преговорите, да се отворат сериозни економски перспективи за сите граѓани.

„Денес сме 30 земја членка на НАТО, има одлука за почеток на преговорите, на таа одлука 15 години чекавме. Невработеноста ја намаливме од 24,5 на 16,2 отсто. За 5.500 денари се покачени просечните плати“, посочи Заев.

Тој на крајот им порача на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да го променат односот, да бидат конструктивна опозиција, да престанат со заканите, затоа што со такви закани изгубија на изборите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Арсовска до Николовски: Откако цела држава виде дека имаш надлежност да рушиш дивоградби, почни со тие што се реална закана

„ДУИ ги остави пожарникарите на немилост, вработуваме 400 пожарникари и градиме функционален систем за противпожарна заштита“, велат од „Влен“

На граничните премини без поголеми задржувања за влез и излез од државата