Лионел Меси се решил да оди во „отворена војна“ со управата на Барселона, откако утрово не се појави на задолжителното тестирање на корона вирус пред стартот на подготовките на клубот во центарот на клубот, јасно ставајќи на знаење дека планира да оди до крај во борбата да се ослободи од договорот.
Првите луѓе на клубот претходно ја одбија неговата понуда за разговори за неговата иднина откако во вторникот даде барање за трансфер, а сега „Марка“ тврди дека тој уште вчера ги известил во клубот дека не планира да оди на ПЦР тестовите на кои ќе бидат подложени сите фудбалери на Блауграна. Според изворите на весникот, Барселона сметаа дека тој ќе се појави на тренинзите и покрај несогласувањата и барањето за трансфер, односно јасно е дека тој веќе не се чувствува како дел од тимот.
Барселона инсистираат дека ако некој сака да го добие потписот на Аргентинецот треба да ги плати 700-те милиони евра од неговата клаузула. Сепак, според „Марка“, темата околу иднината на Меси со која е окупиран фудбалскиот свет последните денови за клубот била јасна уште во јули, кога тој им наговестил дека ова е неговата последна сезона во клубот. Адвокатите на Меси изјавија дека тој сака да си замине од клубот на пријатески начин, но бордот на клубот го отфрли ова.
#LaPortada En rebeldía ?️ https://t.co/6Oy6tkElGA
— MARCA (@marca) August 30, 2020
> Меси во „отворена војна“ со Барса, тие знаеле дека тој ќе си замине уште во јули <