Утрински Весник
Македонија

Сончево време со температура до 38 степени

Сончево и топло со температури до 36 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени, информира УХМР.

Во Скопје сончево и топло со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 35 степени.

Утре ќе се задржи сончево и многу топло, кога во поголемиот дел од земјава температурата ќе надминува 35 степени.

Од вторник дневните температури постепено ќе опаѓаат. Во четврток и петок се очекува развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Томовски: Ќе градиме нов саем со хали, хотел и спортски терени

Возачот возел дрогиран и усмртил моторџија кај Пластичарска – ОЈО бара притвор

Министерство за култура: Филмот за Слаткар е поддржан поради неговата силна општествена и инклузивна димензија