Во реплика на денешната собраниска седница, претседателот на СДСМ и мандатар за нова Влада Зоран Заев, нагласи дека СДСМ во изминатиот период покажал што значи вистинска грижа за лозарите и дека тоа ќе продолжи и во следниот мандат.
„Во 2017 година на 1 јуни ја имав честа на станам претседател на Владата состојбата во Кавадарци, Неговино во Тиквешијата беше следната: 77 милиони денари неисплатени пари од Повардарие и Стефани, 2, 5 милиони неисплатени субвенции од 2014,2015 и 2016 година“, рече Заев, додавајќи дека денеска сето тоа сега е исплатено.
Тој додаде дека цената на грозјето била 11, 12, 10 денари, зависи од која година, а за 2016 немало ни цена, туку имало компензација во препарати.
„Овие години цената ја држиме на 15 денари за вранец и 13 денари за смедеревка постојано и при тоа субвенциите од 24.000 за хектар, сега се 40.000 денари. Секој пат кога државата требаше да интервенира, веднаш интервенираше. 2018 година 1 денар од буџетот, 1 денар од визбите, 2019 година 2 денари од визбите“, рече Заев.
Заев истакна дека оваа година ќе се интервенира со 4 денари за повторно да има цена од најмалку 15 денари за вранец и 13 денари за смедеревка.
Во однос на вишокот количини неоткупено вино, Заев истакна дека државата помага со 30% транспортни трошоци во вкупна вредност од 2 милиони евра за извоз на флаширано вино и 20% транспортни трошоци за извоз на наливно вино.
„Оваа година 2 денари ќе добијат висококласните сорти, како ризлинг и тоа дополнителни 2 денари, за да ги мотивораме лозарите да се движат во тој правец“, кажа Заев.