Утрински Весник
Свет

Хоти: Меѓусебното признавање е единствената тема на сите состаноци со Србија

Хоти: Нема да има поделба на Косово

Премиерот на Косово, Авдулах Хоти, денеска изјави дека меѓусебното признавање е единствената тема на кој било состанок што го имал и ќе го има со претставниците на Србија.

Хоти посочи дека само меѓусебното признавање ги нормализира односите меѓу Косово и Србија, како и дека тоа ќе ги смири Балканот и Европа.

„На кој било состанок што го имав и ќе го имам со претставниците на Србија, заемното признавање е единствената тема. Сè што се разговара со нив е во функција на постигнување договор за заемно признавање, без загрозување на територијалниот интегритет или унитарниот карактер на Косово”, напиша Хоти на „Фејсбук“.

Според него, Косово останува посветено на дијалогот, бидејќи е, како што вели, европска земја со јасна евроатлантска ориентација.

„Со оглед на оваа целосна јасност на процесот, нема да се двоумам да се вклучам во дијалог“, рече Хоти, повторувајќи ја поканата до политичките партии на Косово да се приклучат на процесот.

Претставниците на Косово и Србија ќе се состанат на 4 септември во Белата куќа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Полска одбележува 80 години од Варшавското востание

Едногодишно бебе ставило ТВ-кабел во уста, доживеало струен удар: Родителите во шок

Техеран: Ајатолахот Хамнеи одржа погребна молитва за лидерот на „Хамас“ Исмаил Ханија