Утрински Весник
Македонија

Седницата за избор на влада продолжува утре, Џафери ги предупреди пратениците да не доцнат

Седницата за избор на влада продолжува утре, Џафери ги предупреди пратениците да не доцнат

Заврши собраниската седница за избор на влада. Расправата ќе продолжи утре во 12 часот.

Претседателот на Собранието Талат Џафери ги предупреди пратениците навреме да стигнат откако на крајот од седницата му дофрлија за денешното доцнење на седницата од приближно еден час.

„Не чепкајте каде што не треба. Нема да дојдете во 12 часот па ќе се лутите“, рече претседателот Џафери.

На денешната седница мандатарот Зоран Заев ја претстави програмата на владата за следните четири години, а своите ставови ги кажаа и дел од пратениците.

Прв најавен говорник за утре е Павле Трајанов, а по него се Енви Азири, Марија Петрушевска и Арбер Адеми.

Рокот во кој треба да се изгласа новата влада истекува утре, на полноќ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

И во сабота ќе може да се вади полномошно за патување на малолетници во странство

Пијан маж во Дебар возел без возачка, направил сообраќајка па нападнал полицајци

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот