Овој предлог за влада слободно може да се нарече како Титаник влада. Велите дека ќе трае оваа влада долго и направена за големи цели и очекувања, со многу пари исто како бродот кој и бил наречен дека е непотоплив, па оттаму и сличноста, изјави на денешната собраниска седница пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Јорданов.
„Гледајќи ги партиите од владејачкото мнозинство, повеќе или помалку наликуваат на горните слоеви од овој брод, елитизам, глумење сила, еминенција, пари, а помалите политички партии од тој состав се оние патници сместени во долните слоеви, надевајќи се дека ќе бидат дел, дека ќе сркнат о сребрената лажица, иако помалите партии ништо не добија во оваа коалиција. Титаник бил потопен од санта мраз, а оваа влада за кратко време ќе биде потопена од санта мраз наречена македонски народ“, истакна Јорданов.