Утрински Весник
Македонија

(Видео) Лукаревска: Новата влада е најдобрата опција за сегашноста и иднината на државата

(Видео) Лукаревска: Новата влада е најдобрата опција за сегашноста и иднината на државата

Новата Влада е Влада на континуитет и најдобрата опција за сегашноста и иднината на државата, кажа пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска во денешното обраќање во Собранието.

Таа посочи дека сите треба да сме горди затоа што ова е прва собраниска дебата за избор на нова влада во која нашата држава е полноправна членка на НАТО и започнува преговори со Европската унија.

„До денес сите изборни соочувања биле историски и раскрсници, како и последниве. Граѓаните одлучуваа дали ќе дадат поддршка на прогресивните сили или ќе не вратат назад во мрачното време кога се трагаше по античките корени и хунзите“, истакна Лукаревска.

Таа посочи дека победата на СДСМ и коалицијата Можеме е потврда дека граѓаните се определиле за членството во НАТО, за почеток на пристапни преговори со ЕУ, за длабоки внатрешни реформи чија круна е прочистување на судството, испорака на правда и владење на правото, а тоа, како што кажа, ќе донесе економски развој и подобар животен стандард.

Обраќајќи се кон пратениците од опозицијата, Лукаревска подвлече дека на државата ѝ е потребна модерна опозиција која наместо да ги опструира процесите, ќе стане партнер во градењето на Европска Македонија.

Таа истакна дека предложените министри се чесни, искусни, одговорни и работливи луѓе, а пред нив се нови стратешки цели и носење одлуки за и во интерес на граѓаните.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Лишени од слобода две лица: Пронајден пиштол и криумчарена стока во село Побожје

Сиљановска Давкова прими претставници на Македонската алијанса за европска интеграција

Љутков: Муралот „Илинден 1903“ од Лазески е културно наследство кое ја воспева херојската борба на македонскиот народ