Утрински Весник
Спорт

Осака се повлече од Синсинати, титулата оди кај Азаренка

Осака се повлече од Синсинати, титулата оди кај Азаренка

Јапонската тенисерка Наоми Осака се повлече од Синсинати мастерсот кој се игра во Њујорк. Титулата на овој турнир и припадна на Викторија Азаренка од Белорусија.

Осака пред неколку дена се повлече од турнирот но политички причини. Тоа беше нејзин протест поради полициската бруталност во САД.

Од финалето таа се повлече поради повреда.

„Жалам но морам да се повлечеам поради повреда. Ова беше емотивна недела, сакам на сите да им се заблагодарам за поддршката“, рекла Осака.

Поради повредата под знак прашалник е и нејзиниот настап на ју-Ес опен кој ќе започне в понеделник.

Азаренка без борба стигна до 21 титула во кариерата.

> Осака се повлече од Синсинати, титулата оди кај Азаренка <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ФИФА може да ги одложи баражите за СП 2026 година во Мексико поради немирите во земјата

Душко Стојановски едногласно избран за нов претседател на Македонската БЏЏ Федерација! 

ЗОИ2026: Норвешка со најмногу медали