Утрински Весник
Македонија

Центар ќе го реконструира „Матично“ – ќе го користат младински здруженија и невладини организации

Центар ќе го реконструира „Матично“ – ќе го користат младински здруженија и невладини организации

Некогашното „Матично“, кое се наоѓа во задниот дел од дворот на Општина Центар, ќе биде предадено на користење на заинтересираните младински здруженија и невладини организации, а дел ќе биде наменет за потребите на администрацијата на општината.

Бараката, Владата и ја предаде на Општина Центар, а општината комплетно ќе ја реконструира и преуреди, за што распиша јавен оглас за избор на најповолен изведувач на градежно занаетчиски работи.

Заинтересираните субјекти треба да ги достават своите понуди најдоцна до 25 септември во 10:00 часот, кога ќе се спроведе јавното отворање.

Реконструкцијата ќе опфати нова фасада и покрив, внатрешно уредување, реконструкција на санитарен јазол, промена на внатрешниот водовод, реконструкција на фекалната канализација, нови санитарии, ново електрично осветлување, телефонско и компјутерско вмрежување, видео мониторинг систем и громобранска и против пожарна инсталација. Работите ќе започнат веднаш кога се одбере фирмата изведувач и се очекува да завршат до Нова година.

Целиот зафат ќе чини околу 6 милиони денари. Дел од средствата се добиени како донација од УНДП и Швајцарска агенција за развој и соработка, како дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“, а дел се сопствени средства од буџетот на Општина Центар.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Седумина повредени, меѓу нив и тројца малолетници при судир на ,,мерцедес“ и ,,џип“

Митева: Сто милиони евра во време на Ковид со СДС завршија во фирмите блиски до СДС и ДУИ

Драма во ИЈЗ: Вработен ги исклучил фрижидерите во кои се чуваат реагенси за цела Македонија