Утрински Весник
Македонија

Девојка се удави во Вардар, се трага по човек кој скокнал во водата за да ја спаси

Девојка се удави во Вардар, се трага по човек кој скокнал во водата за да ја спаси
Dik 300x250 mk

Телото на девојка која вчеравечер се удавила во водите на реката Вардар во Гостивар, е пронајдено рано утринава околу 3 часот. Се уште се трага по човек, кој според неофицијалните информации, скокнал во реката и се обидел да ја спаси девојката, но не успеал, јавуваат локалните медиуми.

Двете лица синоќа исчезнале во водите на реката, а полицајци, пожарникари и граѓани цела ноќ трагале по нив.

Според неофицијалните информации, нешто пред полноќ помлада жена била забележана во водите на Вардар кај кланицата. Очевидци тврдат дека еден гостиварец се обидел да ја извлече, но не успеал во намерата и бил повлечен од брзаците на реката. Набрзо потоа, настанот бил пријавен во полиција, по што биле ангажирани екипи на првата помош, полиција и пожарникари.

„Околу 1:30 часот бев на мостот во селото Форино каде со вознемирените жители го очекував исходот од потрагата. Полициски службеници со батериски ламби го следеа текот на водата во случај да се појават телата, кои последен пат биле видени во близина на селото Чајле.

Идентитетот на лицата по кои се трага, засега е непознат. Исто така до доцна во ноќта не беше познато и под какви околности започнала драмата.Околу 3 часот имаше информација дека кај Старо Чајле е лоцирано безживотно тело на женско лице, но обвинителството, полицијата и брзата помош не можеа да ги потврдат наводите“, пишува на Фејсбук новинарот Зоран Гега Маџоски.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!