Јувентус се еден од големите клубови кои не би имале ништо против да го донесат Лионел Меси по „раскинот“ со Барселона, тврди францускиот весник „Л’Екип“, со што италијанскиот клуб би направил вистински „супер-тим“ со Меси и Кристијано Роналдо.
„Сагата“ околу заминувањето на Меси од Барселона предизвика еден куп на шпекулации низ европскиот фудбал, иако шпанскиот клуб тврди дека тој има валиден договор до следното лето. По ова очекувањата се потресите да продолжат, а најверојатно ќе има и легална битка.
Повеќе извори се согласуваат дека Манчестер сити се фаворити за потписот на Меси, поради финансиската моќ и поради присуството на Пеп Гвардиола, а потоа следуваат Интер и Пари Сен-Жермен.
Сега, според „Л’Екип“, Јувентус имале „дискретен приод“ до таткото и менаџерот на Меси, Хорхе, кој неодамна си купи лускузен апартман во Милано. Иако би било неверојатно да се гледаат старите ривали Меси и Роналдо во ист тим, Јувентус во последно време се обидува да ги намали трошоците и огромните плати, а можноста да се донесе Меси сигурно нема да биде евтина.
Transferts : la Juventus s’intéresse aussi à Lionel Messi https://t.co/Ckd3WZN6GY pic.twitter.com/py9v7bK327
— L’ÉQUIPE (@lequipe) August 28, 2020
> Л’Екип: И Јувентус се распрашувале за Меси <