Утрински Весник
Свет

Италијанците ја избираат најлошата министерка – четири жени ставени на столб на срамот

Италијанците ја избираат најлошата министерка – четири жени ставени на столб на срамот

Италијанската десничарска партија Лига на официјалната страница на Фејсбук ги повика симпатизерите да изберат кој министер или министерка биле најлоши.

Заедно со прашањето, тие предложија имиња на четворица министри: сегашната министерка за образование, Луција Азолина, министерката за внатрешни работи, Лучна Ламоргезе, министерката за земјоделство, Тереза ​​Беланова и поранешната министерка за труд, Елза Форнеро.

Поканата на страницата на Фејсбук е надополнета со фотографии од министрите, внимателно избрани за да ги покажат како грди и стари, пишуваат медиумите.

За само неколку часа, објавата е споделена повеќе од 300 пати, а неа коментирале повеќе од 4.000 корисници на социјалните мрежи. Министрите, кои се ставени на столб на срамот, се окарактеризирани како „еден полош од другиот“, „ѓубре“, „некомпетентни“ …

Но, има и такви кои го надополнуваат изборот на имиња и фотографии. Така, познатиот светски познатиот фотограф Матијас Гури Рабионе додал слика на лидерот на Лигата, Матео Салвини и објаснил дека тој, Салвини, е најлош.

Ова не е првпат членовите и симпатизерите на партијата Лига да ставаат жена која извршува политичка функција на столбот на срамот. Пред неколку години, мета беше тогашната претседателка на долниот дом на италијанскиот парламент, Лора Болдрини, а потоа и поранешната министерка, Сесил Кјенге, која беше исмејувана поради нејзиното африканско потекло.

Двете министерки ги тужеа оние што ги навредуваа и го добија спорот на суд.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се урна авион во Костарика: петмина мртви, една жена се бори за живот

Мексиканците ќе бидат првите кои сами ќе избираат судии – повеќе од 34.000 кандидати за 881 судија

Пекинг со тврдење дека ниту САД ниту Кина нема да имаат корист од трговска војна