Додека американските НБА кошаркари размислуваа за бојкот и за праќање на политичка порака за расната неправда во САД, кошаркарските ѕвезди од поранешна Југославија се најдоа на „кафаенска маса“.
Босанскохерцеговскиот репрезентативец и ѕведа на Портланд трејлблејзерс, Јусуф Нуркиќ на Фејсбук објави интересна фотографија која претставува „надградување“ на претходната фотографија на Словенецот Горан Драгиќ, кој беше во друштво со Србинот Никола Јокиќ и словенечкиот сонародник Влатко Чанчар.
Овојпат на друштвото се приклучија и Бобан Марјановиќ, Никола Вучевиќ, Ивица Зубац, Марио Хезоња и секако, Нуркиќ.
„Кој смее да биде тренер“, се прашува Нуркиќ на Фејсбук, додавајќи дека „екипата“ не е комплетна и дека се работи за „Балкан бојс“.
> Нуркиќ ги собра (речиси) сите НБА ѕвезди од екс-Југославија на една маса <