Утрински Весник
Свет

Во Амстердам и Ротердам повеќе не е задолжително носењето маски на отворено

Во Амстердам и Ротердам повеќе не е задолжително носењето маски на отворено
Dik 300x250 mk

Амстердам и Ротердам го укинуваат задолжителното носење заштитни маски како мерка во борбата против ширењето на коронавирусот на места на кои се собираат многу луѓе.

Од понеделник маските веќе нема да бидат задолжителни на трговските улици, пазарите, но остануваат задолжителни во јавниот превоз. Обврската беше воведена на почетокот на август во време кога бројот на заразени бил во пораст и минималното растојание помеѓу луѓето од 1,5 метар не можел да се одржи поради големите метежи кои ги создавале посетители и туристите на овие локации.

Носењето маски во Холандија е задолжително само во јавниот градски и меѓуградски сообраќај, како и на траектите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Фереро нема да купува лешници од Турција, можно е зголемување на цената на Нутела!

Украински дронови погодија руски нафтен терминал

Белата куќа објави детали од трговскиот договор меѓу САД и Кина