Утрински Весник
Свет

Шест американски бомбардери прелетуваат над 30 земји членки на НАТО

Шест американски бомбардери прелетуваат над 30 земји членки на НАТО

Шест американски бомбардери Б-52 денеска прелетуваат  над сите 30 земји-членки на НАТО. Станува збор за планирана вежба, објави американската команда за Европа.

Во соопштението се додава дека ова е единствена мисија на оперативните бомбардерски групи (БТФ) во Европа, што редовно се повторува.

„Шест стратешки бомбардери на воздухопловните сили Б-52 Стратофорс ќе летаат над сите 30 земји на НАТО во Европа и Северна Америка на 28 август“, наведува американската команда.

„Денеска САД ќе ја покаже својата силна посветеност на НАТО со шест бомбардери Б-52, кои ќе ги прелетаат сите 30 земји-членки. Тие ќе бидат придружувани од десетици летала од алијансата. Работејќи заедно, се посветуваме на нашата основна мисија: одвраќање на агресија, спречување конфликт и зачувување на мирот“, напиша Столтенберг на Твитер.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Цените на ретките земни метали пораснаа поради новите кинески извозни контроли

Нетанјаху го предложи Трамп за Нобелова награда за мир

Пронајден мртов рускиот министер за транспорт кој утринава бил разрешен