Утрински Весник
Спорт

Артета: Блиску сме до договор со Обамејанг

Артета: Блиску сме до договор со Обамејанг

Тренерот на Арсенал Микел Артета најави дека Пјер-Емерик Обамејанг наскоро би можел да го продолжи договорот со клубот. Договорот на најдобриот играч на Арсенал истекува наредното лето, доколку не го продолжи клубот ќе мора да го продаде.

„Имавме убав разговор со него и неговиот менаџер, верувам дека наскоро ќе постигнеме договор. Тоа е она што јас го чувствувам“, рекол Артета.

Арсенал во преодниот рок сака да ја засили одбраната со Габриел Магаљаеш пд Лил.

„Долго време го следиме, се надевам дека ќе ја завршиме работата. Понекогаш финалната фаза од преговорите не е воопшто лесна. Верувам дека ќе го комплетираме договорот“, истакнал Артета.

Арсенал минатата сезона ја заврши на осмото место, но успеа да стигне до трофејот во ФА купот.

> Артета: Блиску сме до договор со Обамејанг <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Влаховиќ го напушти Јувентус и потпиша за Бешикташ

Халанд и Меси на пакети кокаин: Полицијата заплени 369 килограми дрога

Нов македонски рекорд на 200 метри слободно – Ѓуретановиќ испиша историја